Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во подрачната единица на Државната изборна комисија (ДИК) лично дошле 55 граѓани да извршат увид во избирачкиот список.
Според информацијата од ДИК се работи главно за повозрасни кумановци, кои потешко се снаоѓаа со пребарување на статусот по електронски пат на официјалниот сајт.
„Граѓаните веќе си знаат и си доаѓаат со барање да се запишат, извршат бришење или промена на податоците во избирачкиот список. Дел од нив доаѓаат лично, а дел испраќаат помлади членови од семејството. Процесот се одвива како треба, отворени сме и во деновите од викендот од 8 до 20 часот“, истакна Невена Величковска, вработена во подрачното одделение на ДИК.
Увид во избирачкиот список може да се изврши до 18 март.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk