Во полициска униформа ограбиле штедилница

17.12.2011 14:12 | KumanovoNews

 Две вооружени лица, облечени во полициска униформа денеска напладне ја ограбиле Штедилницата „MAK БС„ во центарот на Куманово.

Во полициска униформа ограбиле штедилница

Разбојништвото се случило во 12.45 чсот, кога во штедилницата немало никој, освен вработениот.  Крадците со пиштол во рацете му се заканиле дека ќе го убијат ако не им ги даде парите, а потоа го испарскале со спреј по лицето. Тој успејал да го активира алармот, но крадците биле побрзи од обезбедувањето и побегнле со автомобил. Не е познато колку пари се украдени. Грабежот го регистрирале видео-камерите во штедилницата.

Полицијата изврши увид, и работи на откривање на сторителите.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk