Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во понеделник е вториот уписен рок за запишување на ученици во прва година во средните училишта.
Во сите средни училишта во градот има слободни места, а бројот на поени за упис е намален. Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ за упис во прва година, останаа околу 350 слободни места за сите струки.
“Документи ќе се примаат од 7 до 15 часот, а резултатите ќе бидат објавени во вторник. За сите профили имаме слободни места, а бројот на поени е за 10 помалку од оној предвиден во конкурсот“- рече Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.
Во “Перо Наков“ има над 300 слободни места за сите профили, во „Наце Буѓони“ има 133 слободни места, од кои 44 места се за во здравствената струка, а остатокот за машинските и електро струките, а во Гимназија “Гоце Делчев“ останаа 129 слободни места, од кои 34 се за настава на српски јазик.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk