Во понеделник започнува теренската вакцинација во Старо Нагоричане

10.07.2021 12:34 | KumanovoNews

Во понеделник ќе започне теренската вакцинација провид ковид-19 за жителите во општината Старо Нагоричане. 

Во понеделник започнува теренската вакцинација во Старо Нагоричане

 Вакцинацијата ќе ја вршат тимови од Здравствениот дом Куманово, кои доставија список на селата и местото каде ќе се спроведува вакцинирањето на населението.

Во понеделник ќе се вакцинираат жителите на селата Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац и Челопек во старото училиште во Старо Нагоричане, од Алгуња, Татариновац и Сејдинце во училиштето во Алгуња, од Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузаљка и Врачовце во училиштето во Драгоманце, додека од Пелинце и Враготурце во селското училиште во Пелинце, во период од 8 до 14 часот.

Во вторник селаните од Арбанашко, Малотино, Рамно, Мгленце, Буковљане, Длабочица, Дејловци, Цветишница ќе се вакцинираат во училиштето во Арбанашко, а од Жегљане, Степанце и Кокино во караулата во Жегљане, додека од Бајловце, Жељубино, Аљинце и Осиче во училиштето во Бајловце, а од Облавце, Макреш, Канарево, Орах, Ругинце и Дренак во училиштето во Облавце.

Во среда жителите на Младо Нагоричане, Војник и Стрезовце ќе се вакцинираат во Домот во Младо Нагоричане од 8 до 14 часот.

Од Министертсвото за здравство информираа дека со теренската имунизација ќе се опфати населението во руралните подрачја, кои што немаат можност да се пријават електоронски и живеат далеку од центрите за масовна имунизација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk