Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Штитениците на Здружението за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“ учат како да се заштитат од сексуалната злоупотреба која стана честа појава.
Се работи со нив индивидуално и во група. Прво се едуцираат за превентива од сексуална злоупотреба што секојдневно се случува во Република Македонија. Оваа категорија е најзлоупотребувана поради здравјето. Ги учиме да не веруваат на непознати луѓе, да не одат без прашање од домашните со истите. Се запознаваат со сексуалноста. Правиме организирани прегледи и сите корисници од Дневниот центар машките 18 лани групно беа прегледани кај уролог. Сега се организираме и девојчињата да ги однесеме на гинеколог, тие се само 3 - вели Благица Димитровска, претседател на “Порака наша“.
Предавањата на оваа тема се оддржуваат секоја среда во континуитет веќе трета година.
Корисниците на “Порака наша“ дискутираат на темите брак и формирање на семејство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk