Во последните 24 часа нема починати од ковид-19, во Куманово 5 новозаболени

05.04.2022 15:56 | Жаклина Цветковска

Министерството за здравство информира  дека во последните 24 часа не се регистрирани нови починати лица , ниту од податоците од Институтот за јавно здравје, ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Во последните 24 часа нема починати од ковид-19, во Куманово 5 новозаболени Фото: Вистиномер

Министерството за здравство информира  дека во последните 24 часа не се регистрирани нови починати лица , ниту од податоците од Институтот за јавно здравје, ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Инаку,  направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на ковид-19 и тоа: во Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистрирани сe и 252 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 34, Прилеп – 17, Кавадарци – 15, Куманово и Велес – по  7, Кичево и Дебар – по 5, Делчево , Кочани и Неготино – по 4, Тетово – 3, Ресен , Струмица ,Штип и Крива Паланка – по 2, Гевгелија и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.

Дистрибуција по градови:

Скопје- 144.052, активни - 835

Куманово -16.576, активни -38

Битола -14.905, активни -167

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk