Во прекин дел од приградскиот превоз поради нерасчистените патишта

09.01.2019 20:34 | KumanovoNews

Автобускиот превоз кон селата Тромеѓе и Биљановце е во прекин поради нерасчистениот снег на патиштата.

Во прекин дел од приградскиот превоз поради нерасчистените патишта

Од автотранспортните претпријатија извесуваат дека состојбата на патиштата е најкритична во населбите „Перо Чичо“, „Пуковско“, „Тромеѓа“ и „Биљановце“.

Онаму каде што има поголеми угорнини таму се и проблемите, на другите релации превозот се одвива отежнато, но нема прекин. Во моментов во прекин е линија бр.8 на релација с.Томеѓа - Куманово и линија бр.10 с.Биљановце - Куманово. Се извинуваме што не сме во можност да го одржиме возниот ред поради нерасчистениот снег, - информираат од Оли-Травел.

По интервенција на превозниците, службата за одржување на улиците работи на чистење на снегот на посочените локации и се очекува во текот на утрешниот ден да се нормализира приградскиот превоз на патници. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk