Во престрелка во Бедиње убиени и повредени неколку лица

23.07.2015 14:26 | KumanovoNews

 Едно лице е убиено и две повредени во престрелка што попладнево се случила во населбата Бедиње, спроти касарната Христијан Карпош.

Во престрелка во Бедиње убиени и повредени неколку лица

Според информации од Итната медицинска помош две лица се пренесени на Хируршкото одделение во Кумановската болница.

 Од МВР потврдија дека едно лице е убиено, а други две повредени. Еден од повредените поради сериозноста на повредите пренесен е во болница во Скопје.  Вооружениот инцидент започнал во еден угостителски објект, спроти касарната Христијан Карпош.  Лицата што пукале побегнале и по нив се трага.  Дали се работи за престрелка или убиство ќе утврди истрагата. 

Полицијата е на терен и врши увид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk