Во превртено пунто повредена жена

20.04.2011 15:23 | KumanovoNews

 Една жена е полесно повредена во сообраќајна несреќа што денеска напладна се случи на булеварот „Октомвриска Револуција„ кај Спортската сала.

Во превртено пунто повредена жена

 До сообраќајката дошло кога форд караван кој се движел од населбата Проевце кон градот, во мометот кога вртел на раскрсницата кон економското училиште, удрил во тегет пунто коe доаѓало од спротивната насока. Од силината на ударот пунтото изгубило контрола и удрило во бетонската ограда на коловозот, по што се превртрло на кровот. Жената била извадена од возилото и пренесена во болницата, каде и билe констатирани само лесни повреди.  Полицијата извршила увид на лице место, а како причина за сообраќајката се наведува непочитување на предност при минување, од возачот на фордот  кој останал неповреден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk