Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во новата учебна 2014 / 2015 година во кумановските и липковските средните училишта можат да се запишат околу 2000 средношколци.
На конкурсот објавен од Министерството за образование во Куманово има 1954 слободни места, а во Липково 136 места.
Во Гимназија “Гоце Делчев“ ќе се запишат 10 паралелки на македонски наставен јазик и 1 паралелка на српски јазик или вкупно 374 ученици во прва година.
Во Гимназија “Сами Фрашери“ има 272 слободни места за 8 паралелки на албански наставен јазик.
Во средното стручно училиште “Киро Бурназ“ за во прва година има 510 слободни места. За македонски наставен јазик се предвидени 11 паралелки со 374 ученици, а за албански 4 паралелки со 136 ученици.
Во “Перо Наков“ има 714 слободни места од кои 10 паралелки или 340 ученици ќе учат на македонски, а 374 ученици во 11 паралелки ќе учат на албански јазик.
Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ има 684 слободни места од кои 330 ученици во 10 паралелки ќе учат на македонски, а 354 ученици во 11 паралелки ќе следат настава на албански јазик.
Во липковското средно училиште “Исмет Јашари“ има 136 места за упис на 4 паралелки на албански наставен јазик.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk