Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за јавно здравје Куманово во првата недела од февруари, регистрирал 206 лица заболени од грип во градот.
Најголем дел од нив се возрасни лица на возраст од 15 до 64 години и тоа 138 заболени. До 4 години има 28 заболени, од 5 до 14 години се евидентирани 29 заболени, а со 65 и повеќе години има 11 заболени.
Кај заболените од грип се јавува малаксаност, болка во мускулите, покачена температура, гребење во грлото и други симптоми. Како превентива треба да се избегнува престој на места каде има поголема фреквенција на луѓе, да се одржува хигиена, да се затоплуваат и проветруваат просториите, да се пијат топли напитоци, да се носи топла облека и слично.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk