Во работилницата во Старо Нагоричане изработени 24 носии

22.09.2015 15:58 | KumanovoNews

Во работилницата која функционира во Старо Нагоричане досега се изработени првите 2 комплета односно 24 носии.

Во работилницата во Старо Нагоричане изработени 24 носии

Работилницата располага со неколку разбоја и машини за шиење со кои  треба да се сошијат 3 вида на носии, и тоа 12 комплета носии од Шумадија, 12 комплета носии од Пчиња и 12 комплета носии од Македонија. Нив ги изработуваат четири жени кои беа обучени од експерот за модерно ткаење Миодраг Анѓелковиќ од Врање.

Остануваат да се сошијат уште 12 носии, исто така според проектот предвивено во работилницата е и изработка на сувенирии и украсии кои ја симболизираат општина Старо Нагоричане и општина Куманово. Сите работи и носии кои ќе се изработат во работилницата предвидено е да бидат изложени на изложба на крајот на годината кога и завршува проектот. Овие денови работилницата и општината ја посети Александра Вујиќ претставник од Совет на Европа - вели Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“.

Општината Старо Нагоричане во партнерство со КУД „Српски вез“  го реализираат проектот одобрен од страна на Совет на Европа, со кој беше формиран огранок на „Српски вез“ во Старо Нагоричане.

Играорците со овие носии настапија на Света Петка во Младо Нагоричане, а истите ќе бидат презентирани и на Бајловски средби следниот месец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk