Во Ранковце санирани дел од штетите од невремето, дел се утврдуваат

12.07.2021 09:55 | KumanovoNews

Штетите од невремето што ја зафати општина Ранковце во саботата попладне полека се санираат, но голем дел од нив се уште се утврдуваат и проценуваат.

Во Ранковце санирани дел од штетите од невремето, дел се утврдуваат

Расчистени се и проодни патиштата од откорнатите дрвја и паднати електрични и телекомуникациски столбови, а жителите повторно имаат напојување со струја и телекомуникациски врски, кои беа во прекин.

„Ги отстранивме сите паднати тополи и други дрвја, електрични и телекомуникациски столбови и кабли на магистралниот пат и на локалните патни правци, а по два дена без струја и селото Одрено повторно доби електрично напојување. Во санирањето на првичните штети ни помогна Противпожарната единица од Ранковце и фирмата „Вардар градба“, која со градежни машини учествуваше во расчистувањето“, вели градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.

Тој посочува дека се регистрирани штети и на индивидуалните куќи, како и на земјоделските посеви, осовено на културите со пченка.

„Очекуваме жителите да ги пријавуваат штетите за да направиме проценка, но во секој случај тие се големи. Невремето си го направи своето“, вели Тошевски.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk