Во расадникот на „Шумско“ ќе бидат засеани над 500.000 садници

28.01.2016 16:21 | KumanovoNews

Во расадникот на „Шумско стопанство“ во март ќе бидат засеани од 500 иљади до милион садници.

Во расадникот на „Шумско“ ќе бидат засеани над 500.000 садници

Вработените ќе засеат зимзелени и листопадни дрвца кои по шест месеци ќе бидат подготвени за расадување и пошумување.

„Од зимзелените ќе има чемпрес, бидејќи тој се покажа како добар за нашето поднебје, издржува и суша и студено време. Потоа смрча затоа што е доста барано дрво, бел бор, а од листопадните ќе засееме багрем, јавор, јасен. Нашиот расадник ја снабдува цела Западна Македонија со дрвца“-вели Весна Темелковска, шеф на расадник.

Садниците кои ќе бидат засеани во текот на март, ќе можат да се расадуваат во октомври.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk