Во Речица откриени шест мигранти

01.06.2018 09:31 | KumanovoNews

Пет лица од Пакистан и едно од Индија се пронајдени во автомобил во селото Речица.

Во Речица откриени шест мигранти

Ноќеска 50 минути по полноќ на регионалниот пат Речица - Ваксинце полициски службеници се обиделе да запрат патничко моторно возило „Опел Синдра“, но тоа продолжило да ссее движи кон селото Речица.

Полицијата го пронашла возилото покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во возилото се откриени пет лица од Пакистан и едно од Индија, по што се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk