Во Речица поставени лежечки полицајци

23.05.2013 08:53 | KumanovoNews

 Од минатата недела на локалниот пат во селото Речица, поставени се легнати полицајци од асфалт.

Во Речица поставени лежечки полицајци

Локалната самоуправа го исполни барањето на жителите, кои две недели протестираа и не ги пуштаа децата на училиште, заради небезбедност во сообраќајот.

Минатиот четврток беа поставени 6 лежечките полицајци, а од петок децата се вратија на училиште. Тоа беше единственото наше барање и сега сме задоволни. На главната улица која води од почеток до крај на селото има лежечки полицајци. Сега е побезбедно, нема брзо возење. Детето кое беше повредено е пуштено од болница, се опоравува и се надеваме дека ќе се биде во ред - вели Валентин Стоиловиќ, претседател на месна заедница во село Речица.

 Едно од барањата на жителите беше и препреките на патот да бидат од асфалт, а не од пластика или гума, кои возаите на камиони ги креша и отстрануваа.

 Речица се дигна на нозе пред првомајските празници, откако возач од Ваксинце удрил со автомобил десетгодишен ученик и побегнал од местото на несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk