Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во североисточниот регион лани најмногу се одгледувало пченица и компир.
Произведени се 43.693 тони пченица и 15.222 тони компири, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Другите житарици и градинарски култури во 2013 година биле со далеку помало производство.
- Луѓето ги засадуваат оние култури кои се рентабилни, за кои лесно може да се обезбеди пласман, се обработуваат машински и помалку се прскаат. Секоја култура бара вода, но градинарските култури се специфични по тоа што бараат почесто наводнување и се по подложни на болести - вели Светлана Скрижевски, агроном.
Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово објаснува дека последниве 2 - 3 години компирот има добра цена, а пченицата има долга традиција во овој крај.
- Компир се сади во козјачие, паланечко, во некои планински села. Пченица има од село Степанце кон Куманово на големи површини и неа ја засеваат за продавање, но и како основна храна. Пченка има многу помалку затоа што таа не вирее без вода и ако годината е сушна дава слаб род - смета Ивановски.
Во нашиот регион лани се произведени само 58 тони тутун, 123 тони краставици, 2806 тони домати, 2177 тони кромид, 3147 тони пиперки и 8381 тон пченка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk