Во Режановце oткриенo оружје и муниција

08.09.2016 12:40 | KumanovoNews

Во домот на И.А.(54) од Режановце пронајдена е поголема количина на оружје и муниција.

Во Режановце oткриенo оружје и муниција

Кумановската полиција извршила претрес во куќата и помошните пртории при што пронашла: една некомплетна автоматска пушка, една воздушна пушка без кундак,  69 куршуми различен калибар, седум празни патрони за ловечка пушка, три неиспукани патрони за ловечка пушка, едно еднострелно долго огнено оружје со нежлебана цевка калибар 16 GA во футрола, едно долгострелно репетирачко огнено оружје калибар 8 х 57 мм, еден  пиштол марка застава без рамка, еден гасен пиштол калибар 9 мм. Дел од оружјето било без дозвола, а дел со уредна документација. Оружјето и муницијата се одземени, а И.А. е приведен и задржано во СВР Куманово.

Оружјето ќе биде предадено на вештачење, а за она што има дозвола ќе се поведе управна постапка за трајно одземање на оружје до Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Куманово.  По целосно документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено држење на оружје или распрскувачки материи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk