Во Режановце се прослави Павловден

13.07.2010 11:53 | KumanovoNews

 Верници од Куманово и околината денеска во црквата во село Режановце го одбележаа празникот „Собор на 12-те апостроли„ или во народот познат како Павловден.

Во Режановце се прослави Павловден

 Присутните верници присуствуваа на светата литургија во чест на празникот, запалија свеќи и се помолија за здравје и благостојба на своите најблиски.

Апостолите се темел на нашата христијанска вера. Тие се првите луѓе кои го прифатиле единствениот Спасител на светот и кои ја проширија веста за Исус Христос. Во името на црквата „Св.Јован Опсечен„ им го честитам празникот на сите верници и посакувам мир, љубов и верба- рече протојерејот Ванчо Каранфиловски.

Освен поради празникот,верниците во црквата доаѓаат и поради местоположбата и уредениот двор во етно стил.

Пред присутните гости настапија  културно-уметнички друштва од Куманово, Кратово, Крива Паланка со изворни песни и ора. На крајот православните верници се собраа на празничен ручек.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk