Во сабота административците ќе чистат за да го одработат 2 јануари

12.12.2019 08:29 | KumanovoNews

Сабота ќе биде работен ден за вработените во јавната администрација

Во сабота административците ќе чистат за да го одработат 2 јануари

Со чистење административците ќе го обработуваат 2 јануари 2019, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. Одлуката беше донесена на владинa седница, а не важи за вработените во здравствените и образовните институции.

Над 40.000 вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ на 14 декември ќе чистат во Скопје и во други градови во земјава.

Здравствените работници, наставниците, вработените во градинките како и оние кои не можат да отсуствуваат од работното место, ќе го чистат кругот на установите каде работат. Локациите каде што ќе се чисти ќе бидат дополнително објавени заедно со „Не биди ѓубре“, а ќе биде обезбеден соодветен алат.

Се планира акцијата да стане традиционална, за да вработените од државните институции помогнат за зачувувањето на животната околина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk