Во сабота ќе се одбележи годишнина од загинувањето на Карпош

05.02.2015 12:53 | KumanovoNews

Пред Спомен куќата на Карпош во сабота во 11 часот, делегации ќе положат свежо цвеќе и ќе има пригодна програма по повод 71 година од загинувањето на херојот.

Во сабота ќе се одбележи годишнина од загинувањето на Карпош

Ќе му се оддаде почит на Христијан Тодоровски Карпош и на другите борци кои животите ги дале за ослободување на Македонија.

“Се навршуваат 71 година од загинувањето на легендата козјачка, синот кумановски, херојот југословенски од Македонија. По тој повод ќе ја посетиме Спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош, и пред неговата биста ќе положиме свежо цвеќе и ќе оддадеме заслужена почит и благодарност на херојот, како и на сите загинати борци кои што животите ги положија за победата над фашизмот и слободата која е реалност и ние ја уживаме. Сакам да ги поканам вашите читатели, кој сака и може да дојде и присуства на ова чествување“ - изјави Благе Јакимовски, секретар во Сојуз на борци Куманово.

Една делегација од Сојузот утре ќе замине во Билјача, во Србија каде загинал Карпош и пред бистата во училиштето ќе положат цвеќе. Таму ќе се сретнат со борците од Врање и Бујановац, со кои ќе се договорат за понатамошна соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk