Во сабота изложба на кучиња на градскиот кеј во Куманово, пријавување до четврток

13.09.2023 10:27 | Оливера Пешевска

 На Градскиот кеј во Куманово во сабота ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња и специјализирана изложба за расата кавкаски овчар.

Во сабота изложба на кучиња на градскиот кеј во Куманово, пријавување до четврток

„Изложбата е во организација на Кинолошко друштво „Кинолог“ од Куманово и Клуб за кавказки овчари на Македонија. Судии на изложбата ке бидат реномирани судии од Израел, Србија и Македонија. Се очекуваат и има пријавени излагачи од целиот Балкан и повеќе европски земји. Краен рок за пријавување е до четврток, 14 септември на полноќ“, изјави Марко Митровски, претседател на друштвото Кинолог.

За најдобрите во сите класи и категории се обезбедни пехари и пригодни награди.

Подетални информации можат да се добијат на фејсбук страната Кинолошко друштво „Кинолог“ Куманово,или на телефонските броеви 075306108 и 078208043. Линкот за пријавување може да се најде на e-kinologija.com.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk