Во сабота Маскенбал

05.05.2010 12:05 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад во Куманово во сабота по седми пат ќе се одржи  традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија„.Просторот пред споменикот на Батко Ѓорѓија ќе биде  адаптиран за оваа намена, а учесниците своето дефиле ќе го започнат од пред  училиштето „Крсте Мисирков„.

Во сабота Маскенбал

Ќе се движат по булеватот „Трета МУБ„,улиците „Илинденска„ и „Гоце Делчев„ до Градскиот плоштад. Се очекува оваа година да има околу 2500 учесници и неколку илјади граѓани кои ќе го следат настанот.

Седум години е доволен временски период оваа манифестација да се подобро организацијата.  Најмногу учесници ќе имаме од основните и средните училиштата и деца од градинките. На манифестацијата ќе учествуваат девет културно уметнички друштва, невладини организации, поединци и оние кои ќе имаат желба да бидат дел од под друѓењето под маски.И оваа година како и минатата ќе има гости од струмичкиот карневал -вели Жика Крстевски, раководител на Секторот за култура и јавни установи.

 Сите заинтересирани граѓани кои што сакаат да учествуваат на оваа манифестација можат да се  пријават во локалната самоуправа во Секторот за култура или на телефон 438-616. Најуспешните маски ќе бидат наградени во категорија на градинките, основните и средните училишта,најиновативна маска, групна маска и гранд при маска.

Организаторот на Маскенбалот е локалната самоуправа. Почеток е закажан во 11 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk