Во Североисточниот регион има умерена миграција

03.07.2013 08:00 | KumanovoNews

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на ниво на држава Североисточниот регион спаѓа меѓу краевите со блага миграција. 

Во Североисточниот регион има умерена миграција

Лани од нашиот регион мигрирале вкупно 142 граѓани од кои 93 ги напуштиле градовите, а 49 мигрирале од село. 

Подобри од нас се жителите од Југосточниот регион каде имало само 37 отселени граѓани, а од Пелагонискиот регион мигрирале 39 граѓани. 

Полоши од нашиот регион според миграцијата се Вардарски со забележани 194 миграции, Источниот со 249, Југозападен со 944, Полошки со 185 и Скопскиот со 778 миграции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk