Во Скопје автобус прегази пешак од Романовце

03.05.2015 11:24 | KumanovoNews

Автобус на ЈСП, вчера во Скопје го удрил пешакот Фазли Е.(63) од кумановското село Романовце, кој починал на самото место.

Во Скопје автобус прегази пешак од Романовце

Несреќата се случила синоќа околу 19.30 часот на булеварот “Борис Трајковски“, кога автобусот удрил во пешакот. Од здобиените телесни повреди Фазли Е. починал на лице место. Увид изврши Јавното обвинителство и екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk