Во Слупчане пронајдени бомби-кашикари

10.03.2017 16:13 | KumanovoNews

 Жител на селото Слупчане пронашол експлозивни направи додека извршувал градежни работи. 

Во Слупчане пронајдени бомби-кашикари

Вчера во 10.40 часот, А.Р. (55) од с.Слупчане додека рушел ѕид со работна машина-багер, од надворешната страна од ѕидот покрај селскиот пат, пронашол две рачни рачни бомби-кашикари покриени со шут.

Бомбите се од кинеско производство, без ознаки и биле исправни.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасувње Куманово, пронајдените експлозивни направи се подигнати за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk