Во сообраќајка кај Туш двајца повредени

10.06.2014 10:49 | KumanovoNews

В.Б.(38) возач на шкода октавиа и К.Д.(54) патник во минибус, полесно се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на раскрсницата на булеварот Октомвриска револуција и улицата Ѓорче Петров, во близина на маркетот Туш.

Во сообраќајка кај Туш двајца повредени

Како што соопштуваат од полицијата, двете возила се судриле во 18.10 часот на самата раскрсница движејќи се од спротивна насока.

Во моментот кога С.П.(44) со минибус од булеварот вртел на лево кон населбата Перо Чичо го пресекол патот на шкодата која се движела од периферијата кон центарот на градот, при што дошло до судирот.

Двајцата повредени се пренесени во кумановската болница и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Од судирот причинета е голема матерјална штета на двете возила.

                                               (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk