Во сообраќајка повреден возач на сузуки

06.02.2011 17:30 | KumanovoNews

 На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај пумпата „Лукс-оил„ во населбата Карпош, денеска напладне во тешка сообраќајна несреќа при судир на камион и автомобил, едно лице е повредено.

Во сообраќајка повреден возач на сузуки

До сообраќајката дошло кога тамче со кумановски регистарски таблички, додека се вклучувало од паркинг на коловозот, се судрил со автомобил сузуки .Од силината на ударот двете возила преминале на другата коловозна трака, а камиончето се превртело. Возачот на автомобилот се здобил со повреда на главата и градите, па со кола на Итна помош е пренесен во кумановската болница. Додека се чекаше да дојде полицијата, возачот на камионот кажуваше дека додека излегувал на патот кон Крива Паланка, воопшто не го забележал сузукито, поради што претпоставува дека се движело со голема брзина. Матерјалната штета е голема, а увидот ќе утврди кој од возачите ги прекршил сообраќајните правила.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk