Во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе повредени 3 лица

22.08.2023 12:39 | Жаклина Цветковска

Во сообраќајна несреќа помеѓу две возила,  која се случила вчера изутрина на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и локалните патишта за с.Грабеш и за с.Новосељане, повредени се три лица од кои едното се здобило со тешки телесни повреди.

Во сообраќајна несреќа  на патот Куманово-Свети Николе повредени 3 лица

СВР Куманово информира дека во сообраќајката учествувале  патничко моторно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.П.(49) од Струмица и патничко моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.П.(51) од с.Конопница.

По несреќата, возачот на возилото „форд“, М.П. и неговите сопатници Р.Т. и С.С. биле пренесени во Општата болница Куманово каде на Р.Т. му била констатирана тешка телесна повреда, додека М.П. и С.С. се здобиле со  телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk