Во Сопот угинале 400 овци

14.01.2015 14:29 | KumanovoNews

Во кумановското село Сопот угинале околу 400 овци на еден фармер.

Во Сопот угинале 400 овци

  Причините не се познати, додека сопственикот Шериф Лимани тврди дека овците угинуваат од мистериозна болест.

“Имав 1.100 овци, од нив половина ми изумреа. Имам и 100 кози, но гледам дека и нив почнува да ги фаќа истата болест. Ги повикувам надлежните институции да ми помогнат, дневно ми умираат од 10 до 15 овци“ - изјави фармерот Лимани за интернет порталот “Алмакос“.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство земале мостри, и за дел од нив веќе имаат резултати, кои покажуваат дека угинувањето не е настанато од болест. Како превентива за да не се шири заразата е извршена дезинфекција, ограничено е движењето на стадото и сточарот е задолжен да ги пријавува угинатите грла.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk