Во советничките клупи седнаа Стошевска и Томовиќ

07.07.2011 14:35 | KumanovoNews

 На денешната седница на Советот се верификуваа мандатите на двајца нови советници - Наташа Стошевска од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, инаку правник во Центарот за социјални работи и Небојша Томовиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, вработен во „ЈП Пазариште„.

Во советничките клупи седнаа Стошевска и Томовиќ

Стошевска доаѓа на местото на Јордан Пачков кој стана пратеник во републичкото Собрание, а Томовиќ на местотот на Горан Стојковиќ кој советничкото место го отстапи по основа на деакумулација на функции. Двајцата нови советници дадоа заклетва и се обврзаа дека во мандатот ќе работат во интерсите на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk