Во среда ќе се одлучува за мандатите на градоначалниците

05.05.2017 09:41 | KumanovoNews

Уставниот суд во среда на 10 мај ќе ги разгледува двете иницијативи за укинување членови од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи да се продолжат мандатите на  градоначалниците и советниците.

Во среда ќе се одлучува за мандатите на градоначалниците

Поднесители на иницијативите се Министерството правда и Светскиот македонски конгрес и со нив се бара бришење на членовите од Законот за локална самоуправа кои го ограничуваат мандатот на четири години.

Проблемот со мандатите на локалните избраници настана поради политичката криза во државата и ненавременото распишување на локалните избори. Мандатите на градоначалниците и советниците првично се продолжени до 15 мај со надеж дека до тогаш ќе се одржат изборите, но тоа не се случи поради неконстиурање на Собранито.

Доколку не се продолжи мандатот на градоначалниците и советниците ќе се блокира работата на локалните самоуправи и општинските институции.

Дел од правниците сметаат дека иницијативата за  укинување на членовите од законот и продолжување на мандатите е неуставна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk