Во среда е Денот на дрвото

27.11.2015 10:03 | KumanovoNews

Владата на Република Македонија одлучи во среда, 2 декември, да се одржи традиционална акција „Ден на дрвото“.

Во среда е Денот на дрвото

Три милиони садници на површина поголема од илјада хектари, ќе бидат засадени во рамките на 16- та по ред акција „Ден на дрвото“.

Во Куманово ќе се сади во селата Зубовце и на Даштев рид над зградите во населбата Гоце Делчев, како и во липковското село Слупчане.

Годинешното мото  „Засади успех“ се однесува на сите досега реализирани акции, во кои процентот на зафатеност на засадените дрва изнесува 60 отсто, што според организаторите е импресивна бројка и за европски рамки.

Денот на дрвото ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија, а дополнително ќе биде утврден денот кога ќе се одработува овој ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk