Во српски мерцедес најдени 152.000 евра

19.12.2015 11:56 | KumanovoNews

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, пред три дена при контрола на автомобил со српски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдоа 152.395 евра.

Во српски мерцедес најдени 152.000 евра

Околу 20 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија, е запрено  возило марка MERCEDES E220 со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на возилото, во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите 142.395 евра се привремено задржани и депонирани во Трезорот на Народна банка на Република Македонија.

Против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk