Во Старо Нагоричане ќе се прска против крлежи и комарци

12.06.2014 07:48 | KumanovoNews

Во општина Старо Нагоричане вечерва по 22 часот ќе се спроведе терестичка дезинсекција, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во Старо Нагоричане ќе се прска против крлежи и комарци

  - Со возило со вградена пумпа од земја ќе се прска против комарци, крлежи и други инсекти. Ова е прва ваква дезинсекција во општина Старо Нагоричане - велат од Центар за јавно здравје.

Од таму им препорачуваат на пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелите така што ќе ги затворат во кутиите со доволно вода и нема да ги пуштаат 3 до 4 часа по завршување на дезинсекцијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk