Во Старо Нагоричане поднесени четири барања за штети

03.03.2015 08:55 | KumanovoNews

Во општина Старо Нагоричне досега се доставени четири барања за проценка на штети од поплавите.

Во Старо Нагоричане поднесени четири барања за штети

Барања поднеле жители на селата Пелинце, Челопек и Драгоманце, чии имоти и ниви биле поплавени.

“Има оштетувања на куќи, помошни простории, штали, земјоделско земјиште. Рокот за поднесување на барања истекува на 10 март“ - вели Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.

Откако ќе се направи проценка на штетите на терен, извештајот ќе треба да помине на општинскиот совет и ќе биде проследен до Владата за исплата на штети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk