Во Старо Нагоричане презентирана програма за енергетска ефикасност

19.11.2015 11:33 | KumanovoNews

Во просториите на општина Старо Нагоричане вчера беше презентирана 3 годишна  програма за енергетска ефикасност.

Во Старо Нагоричане презентирана програма за енергетска ефикасност

Подготвен е и акционен план кој ќе треба да се гласа на седница на Советот на општина Старо Нагоричане, по што ќе се знае дали општината ќе ја реализира оваа програма.

Акциониот план е подготвен од консултантска куќа Еко нолер од Софија, Бугарија, а е финансиран од Светска банка. На презентацијата беа присутни и консултанти од Македонија, советници, претставници на јавни претпријатија од општината, директори на училишта. Акциониот план ќе се разгледува на Совет - вели Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.

Мерки за енергетска ефикасност се спроведуваат во повеќе општини низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk