Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане од јули годинава досега бележи 58 пожари.
Најголем дел од пожарите се на запалена сува трева, стрништа или шума, но има и пожари кои биле предизвикани од паѓање на бандери, кинење на жици и слично.
Синоќешниот пожар во село Никуљане каде со едно возило и три пожарникари од 20.10 до 21.30 часот, изгасивме запалена сува трева и стрниште е 58-ми пожар почнувајќи од 1 јули па наваму. Пожари оваа сезона имаше во Канарево, Макреш, во Младо Нагоричане кај бензинската неколку пати и други села. Имаше и случај кога во село Осиче, кое е поодалечено гореше шума. Кога ќе залади времето очекуваме бројот на пожари да се намали - рече Оливер Стојмановски, командир на ТППЕ Старо Нагоричане.
Стојмановски вели дека за разлика од лани, ова лето имаат поголем обем на работа и повеќе интервенции.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk