Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане се одржа училишен државен натпревар во шах.
„По добиеното позитивно мислење за организацијата на турнирот во шах по повод одбележувањето на празникот Свети Сава, кое втора година по ред се одржува во нашето училиште, ни беше укажана таа чест оваа година да го организираме Државниот натпревар во шах за сите основни и средни училишта во Р. Македонија. На натпреварот учество зедоа вкупно 115 ученика придружувани од 19 наставници и професори„- вели директорката на „Светозар Марковиќ“ Даниела Станковска.
Од основните училишта во женска конкуренција најдобра е Јана Анѓелковска од ООУ„Глигор Прличев“ од Охрид, додека во машка конкуренција е Никола Јорданов од ООУ„Стив Наумов“ од Скопје. Од средните училишта прво место освои Симона Лакиновска од „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, додека во машка конкуренција е Филип Михов од „Орце Николов“ Скопје.
Натпреварот беше отворен со пригодна манифестација на која свое учество зедоа и КУД„Српски вез“, свое обраќање имаше директорката на училиштето, претседателот на спортската федерација на Македонија Александар Туфанџиев, додека натпреварот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Старо Нагоричане Милован Стојковски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk