Во Старо Нагоричaне се пошумуваше Гол Рид

04.12.2014 11:04 | KumanovoNews

Есенската акција Ден на дрво - засади ја својата иднина, вчера се одржа и во општината Старо Нагоричане.

Во Старо Нагоричaне се пошумуваше Гол Рид

Градоначалник Милован Стојковски, советниците,  општинската администрација и учениците од основните училишта пошумуваа на место викано Гол Рид во Старо Нагоричане.

Ние секоја година се вклучуваме во акцијата и даваме свој придинес во пошумувањето. Масовно се вклучија и учениците и професорите од училиштата во Старо и Младо Нагоричане и Драгоманце. Овој пат садевме црн бор и смрека,- вели градоначалникот Милован Стојковски.

Во акцијата се пошумени 54 хектари оголено земјиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk