Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во општина Старо Нагоричане последниве три дена имало три пожари.
Во саботата се запалила шума во село Жегљане, при што пожарот е изгаснат од 14.20 до 19.30 часот, со помош од ТППЕ Куманово.
“Вчера во Сув Ора од 18 до 20.30 часот, гасевме сува трева и стрниште со еден камион и 2 пожарникари, по што пожарот е локализиран. Денеска од 13 до 15 часот со едно возило и 4 пожарникари, интервениравме во село Канарево на запалена сува трева кај патот кој води за Бајловце“-рече Оливер Стојмановски, командир на ТППЕ Старо Нагоричане.
Во летниот период пожарите и во оваа општина се зачестени како и во општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk