Во Стрима гореше шума, во Доброшане сува трева

28.04.2015 09:07 | KumanovoNews

Во изминативе два дена се регистрирани два пожари, при што во првиот горела шума во липковското село Стрима, а во вториот трева во село Доброшане.

Во Стрима гореше шума, во Доброшане сува трева

Пожарот во Стрима избувнал во недела попладне и траел се до раните утрински часови во понеделник. Запалена била нискостеблеста дабова, букова шума и трева со површина од пет хектари. Огнот го гаснеле пет вработени во Шумско стопанство Куманово со две теренски возила. Посебна комисија ќе излезе на терен за да направи проценка на штети.

Во вториот пожар во село Доброшане, пријавен вчера во 16.20 часот, горела трева во близина на Искрин мост. Пожарот е ставен под контрола во 18.30 часот, со едно возило и четворица пожарникари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk