Во судир на два автомобили прегазени пешаци на „Октомвриска револуција“

18.05.2016 19:43 | KumanovoNews

Неколку лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва во 21 часот се случила на раскрсницата на улицата „Октомвриска револуција“, кај спортската сала Куманово.

Во судир на два автомобили прегазени пешаци на „Октомвриска револуција“

  Според очевидци, до соoбраќајката дошло кога автомобил шкода кој се движел од центарот кон периферијата на градот, на раскрсницата се судрил со автомобил сеад-ибица кој се движел од спротивната насока и вртел лево од булеварот. Еден од автомобилите излетал на тротоарот и удрил во паркиран пасат.  При тоа биле повредени неколку случајни минувачи, мајка со две мали деца и две девојки кои се движеле по тротоарот, како и жена која ја возела шкодата.   Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на Итна помош а дел со приватни возила.

Екипа на полицијата се на лице место. Од Брза помош ни потврдија дека нивни екипи се на терен, но немаат точна информација за бројот на повредените.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk