Во шупа колеле добиток на диво

31.05.2012 15:00 | KumanovoNews

 Б.М.(31) од село Долно Којнаре, М.Н.(34) од село Четирце и А.К.(62) од Куманово колеле добиток на диво во близина на Сточниот пазар во Куманово.

Во шупа колеле добиток на диво

Во изминатите пет години, Б.М. ја рентал неговата шупа и дозволил во помошните простории од куќата, другите двајца да направат кланица и месото да го пуштаат во промет. За изнајмената шупа Б.М. добивал надомест.

Во март годинава извршен е претрес во импровизираната кланица и затекнати се М.Н. и А.К. како вршат колење на добиток.

Кумановската полиција им поднесе кривична пријава за сторено кривично дело производство и пуштање во промет на штетни прехранбени продукти.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk