Во „Св. Троица„ Александар - по трет пат!

19.01.2011 10:39 | KumanovoNews

Крстот во осветената вода во базенот пред Црквата Св.Троица, со божја умисла се најде во рацете на 27-годишниот Александар Маневски, сопственик на приватна фирма. По крстот во ладната вода пред црквата скокаа 10 млади момчиња.

Во „Св. Троица„ Александар - по трет пат!

„Господ посака да ја имам среќата осветениот крст да дојде во моите раце. Очекувам многу среќа и здравје за себе и моето семејство. Инаку ова е по трет пат да го фаќам осветениот крст на Свети Јован. Двапати во изминатите шест-седум години ја имав таа среќа да го фатам крстот во базенот пред Црквата Свети Никола, а овојпат таа среќа ја имам и со крстот на ,,Нова црква‘‘-изјави за медиумите Александар опкружен од членови на неговото семејство роднини и пријатели.

Тој воедно е и добитник на главната награда - златно синџирче од златарата ,,Пепи‘‘и телевизор.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk