Во „Светозар Марковиќ“ се одбележува Свети Сава

26.01.2016 11:17 | KumanovoNews

Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ вчера и денеска се одбележува празникот Свети Сава.

Во „Светозар Марковиќ“ се одбележува Свети Сава

Вчера имаше шаховски турнир со ученици од училишта од Куманово и Старо Нагоричане, а денеска ќе има пригодна културно-уметничка програма.

Ќе имаме приредба за Свети Сава со рецитали и драма посветени на светецот. Турнирот во шах го почнавме лани и планираме да ни остане како традиција. Ова се смета за училишна слава и ќе имаме и славски колач. Поканети се гости од локалната самоуправа, директори на училишта од нашата општина и Куманово, претставници на Српската заедница и други гости“-вели Даниела Станковска, директорка на „Светозар Марковиќ“.

Свети Сава, роден околу 1174 година  како Растко Немањиќ, бил син на гoлeмиoт српски жупан Стефан Немања. Какo млад, заминал вo Света Гора, каде што сe замoнашил. Тој е основач на првата српска црква, позната како Пеќка патријаршија. Пoчинал вo Трнoвo за врeмe на владеењето на царoт Асeн, на 12 јануари 1236 гoдина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk