Во СВР се деградираат професионалци, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

24.08.2017 14:31 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството во СВР Куманово дека ги крши законите и прописите во МВР и незаконски разрешува и деградира професионалци, а на нивно место поставува корумпирани кадри со сомнителни досиеа, кои добиваат високи плати од 1000 евра.

Во СВР се деградираат професионалци, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„За хаосот кој владее таму вчера преку писмо испратено до неколку медиумски куќи реагираа деградираните професионалци кои со години работат и кариерата ја граделе чекор по чекор. Во писмото е наведен и пример за СВР Куманово, како класично е прекршен Законот и системот на кариера за цели 5 скалила при именувањето на новиот началник од СДС, Стојанче Величковиќ. Имено од сменоводител во ГП Белановце е поставен за началник на превенција, а потоа унапреден и именуван за началник на СВР Куманово, што во овој случај од дефинираниот систем на кариера е противзаконски унапреден за 6 скалила. Најголемо дно е тоа што во писмото се тврди дека професионалците биле принудени сами да си потпишат барања за доброволни разрешувања и прераспределувања на пониски места со цел да се избегне оптужувањето на решенијата пред суд, - изјави Срѓан Ивановски, портпарол на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го повика министерот Оливер Спасовски да ги врати професионалците таму кадешто припаѓаат, да ја чуваат безбедноста и стабилноста на улиците, државата и граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk