Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

31.10.2022 12:12 | KumanovoNews

Од денеска започна етапната исплата на пензиите за месец октомври, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда), и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

 Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk