Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

29.09.2022 10:05 | Сузана Николиќ

Од денеска /четврток/ започнува етапната исплата на пензиите за месец септември, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

 Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk