Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јануари

05.02.2024 11:56 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јануари

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 февруари 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

    05.02.2024– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
    06.02.2024– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk